Отворен час на активот на јазици

Aктивот на јазици во О.О.У Кирил Пејчиновиќ-Теарце одржи отворена настава со ученици од шесто одделение од трите наставни јазици, односно македонски, албански и турски. На почетокот на часот се играше игра со цел децата да истражуваат други култури и да научат што повеќе за пријателите од други националности. Потоа следуваше читање на трудовите од страна на учениците на тема „Есента во мојот регион“. Истиот час го водеа клучните наставници, додека присутен беше и педагогот на училиштето.

Scroll to Top