На ден 22 декември (петок) беше одржан МИО час по наставниот предмет Биологија . На овој час учествуваа учениците од осмите одделенија и беше одржан квиз на знаење кој беше подготвен од страна на наставниците по Биологија : Цветанка Димитриевска, Херолинд Реџепи и Селма Рамадани. Учениците беа поделени во две групи и секоја група одговараше на прашања од наставниот материјал за првото полугодие. На крај резултатот беше следен : групата А – 18 поени, а групата Б – 15 поени. Победници беа сите бидејќи беше исполнета главната цел, а тоа е меѓусебна соработка, тимска поддршка и меѓуетничко дружење.














