Основците од Теарца одржаа литературна активност во рамките на проектот катче на книга. Овој пат на часот по албански јазик за читање и анализа беа избрани песни од литературното творештво на поетесата Линдита Ахмети. Центарот за еднакви можности „Mollëkuqja“ во соработка со ОУ „Кирил Пејчиновиќ“ во тетовското село Теарца организираа литературeн час со цел промоција на уметничкиот свет од жени авторки и подигање на свеста за авторската родова поделба во литературата.
Учениците од седмо и деветто одделение најпрвин имаа подготвено биографија за авторката и објавените книги, потоа избраните песни беа читани и самостојно анализирани од учениците од работната група во соработка со професорката по албански јазик Садије Алити.
Потоа учениците ги читаа и нивните дела напишани во проза.










