На ден 28 мај 2024 беше одбележан Меѓународниот ден на менструалното здравје преку реализирање на работилница со ученичките од шесто до деветто одделение од македонски, албански и турски јазик од страна на наставничките по биологија Цветанка Димитриевска и Селма Рамадани. Ученичките беа запознаени со карактеристиките на пубертетот и менструалниот циклус преку видео-презентација. Двете наставнички го пренесоа стекнатото знаење и вештини за време на одржаниот семинар на 15 април. Ученичките имаа неколку активности поврзани со споделување на искуства и давање лично мислење за менструацијата, а исто така им беа поделени и едукативни брошури.



