Учениците од IV одделение при ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ – Теарце остварија едукативна посета на Општина Теарце, каде што имаа можност одблиску да се запознаат со работата на општината и улогата на градоначалникот.
Преку оваа посета, учениците се запознаа со надлежностите, задачите и обврските на градоначалникот, како и со начинот на функционирање на локалната самоуправа. Имаа можност да дознаат како се носат одлуки, како се решаваат прашања од интерес на граѓаните и колку е важна општината во секојдневниот живот на заедницата.
Посетата претставуваше одлична можност за учење преку непосредно искуство, поставување прашања и стекнување нови знаења за институциите и нивната улога во општеството.
Ваквите активности поттикнуваат кај учениците граѓанска свест, одговорност и интерес за активно учество во заедницата.
Благодарност до Општина Теарце за гостопримството и можноста нашите ученици да научат нешто ново и корисно!
