- Прослава на младите писатели: Објавени победниците на натпреварот WriteOn! Денес официјално беа објавени победниците на натпреварот по англиски јазик WriteOn!. Натпреварот беше фокусиран на креативно пишување и опфати награди за првите три места на регионално и национално ниво. Околу 100 ученици од основните училишта во Општина Теарце учествуваа на овој инспиративен настан.
- Победници:
6 одделение:
- 2-ро место – Ева Димитриевска – ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ – Теарце
- 3-то место – Sara Sulejmani – ООУ „ Кирил Пејчиновиќ “ – Теарце
8 одделение:
- 1-во место – Ejona Arifi – ООУ „ Кирил Пејчиновиќ “ – Теарце (3-то место на државно ниво)
- 3-то место – Orgesa Sherifi – ООУ „ Кирил Пејчиновиќ “ – Теарце
9 одделение:
- 1-во место – Ana Gjorgjeska – ООУ „ Кирил Пејчиновиќ “ – Теарце (2-ро место на државно ниво)
- 3-то место – Rona Useini – ООУ „ Кирил Пејчиновиќ “ – Теарце
- Награда за најубав ракопис: Anastasija Gjorgjevska – ООУ „ Кирил Пејчиновиќ “ – Теарце
Овој настан беше организиран во соработка со волонтери од Peace Corps во Северна Македонија, како и со поддршка од наставниците и менторите: Qefajete Asani, Aleksandar Naumovski и Valdeta Rexhepi.
Честитки до сите ученици за нивната креативност, труд и одлични приказни! Горди сме на вас!











