„Блескави успеси на нашите ученици на регионалните натпревари по природни науки и биологија“ Со голем гордост и радост ги споделуваме најновите успеси на учениците од ООУ „Кирил Пејчиновиќ“-Теарце, кои уште еднаш покажаа дека со труд, љубов кон науката и посветено менторство, врвните резултати се неизбежни. Патот до овие признанија бараше сериозна подготовка, започнувајќи од општинските натпревари каде нашите ученици покажаа одлично знаење, со што заслужено се квалификуваа и го продолжија својот победнички пат на регионално ниво. Пролетниот циклус на натпревари продолжи на 27 март 2026 година, со одржувањето на Регионалниот натпревар по биологија. Под менторство на наставничката Цветанка Димитриеска, нашите осмоодделенки доминираа со своето знаење. Ученичките Јана Јовановска (1-во место), Ива Кочовска (2-ро место), Каролина Крстевска (2-ро место) и Магдалена Атанасовска (3-то место) обезбедија директен пласман за државниот натпревар. Нивната посветеност кон изучувањето на живиот свет е вистинска инспирација за сите. Успешната низа продолжи и на 3 април 2026 година, на Регионалниот натпревар по природни науки, каде учениците се подготвуваа под менторство на наставничката Весна Ристовска. Посебно се истакна ученичката Ана Наумовска од V одделение, која со освоеното прво место се квалификуваше за државниот натпревар. Забележителни резултати во своите категории постигнаа и Магдалена Ѓорѓеска-V одд (3-то место), Анастасија Ѓорѓевска-VI одд (3-то место), Јована Кочовска-VI одд (3-то место) и Ема Јовановска-VI одд (пофалница). Училиштето им упатува најискрени честитки на сите наградени ученици, но и на наставничките Цветанка Димитриеска и Весна Ристовска за нивната неуморна работа и поддршка. На оние кои продолжуваат на државните натпревари им посакуваме бистар ум и успех, а на сите останати учесници им посакуваме уште многу победи во иднина.
