Во чест на патронот Кирил Пејчиновиќ

 

 

   По повод одбележувањето на патрониот празник на нашето училиште – ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ – Теарце, денес дел од наставниците и учениците со достојна и свечена програма му оддадоа почит на големиот просветител, духовник и преродбеник Кирил Пејчиновиќ.

Во рамките на активностите, беше положено свежо цвеќе на спомен-обележјето во с. Теарце, каде учениците преку пригодни рецитали и стихови ја истакнаа неговата просветителска мисија и неизмерниот придонес за македонската духовна и културна историја.

Свеченоста продолжи во манастирот „Св. Атанасиј“ во с. Лешок, каде се наоѓа гробот на Кирил Пејчиновиќ. Во духот на почит и благодарност, учениците читаа песни и пригодни текстови, потсетувајќи нè на неговото дело и трајната вредност на образованието, писменоста и духовноста.

Со вакви активности нашето училиште ја продолжува традицијата на негување на историското паметење и воспитување на младите генерации во духот на знаењето, почитта и љубовта кон културното наследство.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top