Со голема радост и гордост, нашето училиште ООУ „Кирил Пејчиновиќ” од Теарце ја одбележа годишнината од патрониот празник со свечена приредба која остави незаборавни впечатоци кај сите присутни.
Свеченоста ја отворија директорот на училиштето, г-дин Руан Иљази, и градоначалникот на општина Теарце, г-дин Даут Мемиши, кои со своите поздравни зборови ја нагласија важноста од чувањето на културното наследство и посветеноста кон образованието.
Главни ѕвезди на приредбата беа нашите талентирани ученици, кои со неверојатна посветеност и труд подготвија богата програма. Преку музички изведби и поетски точки, децата ги покажаа своите вештини и ја исполнија салата со емоции, ентузијазам и убавина на уметноста.
Секоја точка беше доказ дека нашите ученици не само што учат, туку и растат во уметност, култура и самодоверба.
Им упатуваме искрена благодарност на наставниците кои ги подготвија учениците, на родителите за нивната поддршка, и на сите гости кои беа дел од оваа убава прослава.
Нека е честит патрониот празник!
















