Со голема чест и гордост ја информираме јавноста дека оваа учебна година, за првенци на генерација во нашето училиште ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ – Теарце, беа избрани учениците Давид Војновски, Арита Алити и Туана Илјази. Овие ученици се истакнаа со своите одлични академски резултати, примерното однесување, активното учество во училишните и воннаставни активности, како и со нивната посветеност и труд во текот на целото основно образование.
Како знак на признание за нивниот успех, Општина Теарце, поточно градоначалникот г.Нухи Незири им додели вредни награди – по еден велосипед за секој од нив. Со оваа награда се поттикнуваат учениците да продолжат да се стремат кон знаење, напредок и личен развој.
Им честитаме на Давид, Арита и Туана за постигнатиот успех и им посакуваме многу среќа и уште поголеми достигнувања во нивното понатамошно школување. Благодарност и до Општина Теарце за поддршката и охрабрувањето што им го дава на нашите млади таленти.
Нека нивниот успех биде инспирација за сите ученици!



