Конкурс за литературна поезија во чест на 23 април, Светскиот ден на книгата и авторските права, од градската библиотека во Тетово, настан од особено значење што ја промовира културата на читање, книгите и моќта на знаењето. Гордa сум на моите ученици, повторно меѓу најдобрите.
Учениците Веса Мемети и Румир Исмаили беа наградени со пофалници. Нашето училиште учествуваше на овој натпревар со 22 ученички творби.
На 23 април, светот го одбележува Светскиот ден на книгата и авторските права, настан од особено значење што ја промовира културата на читање, книгите и моќта на знаењето. По овој повод, ВО Библиотека „Кочо Рацин“ – Тетово ја продолжи својата културна традиција со организирање на најважната манифестација и со најголем број учесници – „Конкурсот за литературна поезија“, кој ги здружува учениците, младите таленти и љубителите на поезијата и пишаниот збор од многу основни училишта во Тетово и околината.
